Денес кон крајот на денот ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со поинтензивен пороен дожд и силен ветер, особено во северните делови на земјата предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен, во источните делови засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со поинтензивен пороен дожд и силен ветер, особено во северните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени.

Во понеделник ќе преовладува променливо време со слаб до умерен северозападен ветер. Ќе има и повремен локален дожд со грмежи, особено во првата половина од денот. Се очекува значитечен пад на дневната температура која ќе се движи во интервал од 15 до 26 степени Целзиусови, информира УХМР

OhridNews