Почнувајќи од денешните попладневни часови па во наредните неколку дена, на поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.
Доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и паднат за кратко време и ако бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава. – се вели во вонредната прогноза на УХМР.