Од УХМР велат дека деновиве во Македонија ќе преовладува студено време со врнежи од снег, што ќе придонесе за стабилизирање на состојбата. Оттаму не очекуваат зголемување на водостојот на реките и езерата, но не се очекува ниту намалување. Тоа значи дека нивото на Охридското Езеро и на реката Црн Дрим и натаму ќе остане високо, но не се очекува нивно излевање во поголем обем.
Нивото на Охридското Езеро на горна граница
Жителите во крајезерските делови стравуваат дека доколку се влошат временските услови, особено при силен јужен ветер, дека може да дојде до поплавување на куќите во пониските реони. Поради високиот водостој и брановите, одредени делови крај езерото деновиве осамнаа под вода, а прекинати се и некои природни патеки на брегот кои ги користеа граѓаните од крајезерските населби.