Од утре под влијание на многу студена воздушна маса од најсеверните географски ширини, времето ќе биде многу студено со умерен, в долж Повардарието засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи -УХМР.

Во деновите од викендот ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Се очекува во југозападните делови и на пониските места таа да изнесува над 20 сантиметри. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица, информира УХМР.

Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на целиот ден ќе бидат негативни. Утринските ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.

OhridNews