Според Управата за хидрометеролошки работи покрај топлото време и високите темпераури, денес во попладневните часови можна е  и локална нестабилност проследена со дожд и грмежи.

Метеоролозите прогнозираат дека температурите во Македонија денеска ќе се движат од 32 до 39 степени, а УВ зрачењето ќе биде на високо ниво од 8 степени.

Топлотниот бран што ја зафати Македонија ќе се задржи до крајот на наредната недела, а Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје препорачуваат мерки за намалување на ризиците од високите температури.

Се препорачува да се избегнуваат какви било напорни активности за време на најжешкиот период на денот – од доцна наутро до доцна попладне.

Во текот на ваквите топли денови, на граѓаните им се препорачува   повеќе да престојуваат во затворени простории, пред се климатизирани. Исто така се препорачува внесување големи количества течности, а да се избегнуваат алкохолни и пијалаци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалаци или консумирање на поголеми количини шеќери.

OhridNews