Помалите вештачки акумулации се веќе полни. Поголемиот дел од нив се веќе на прилив, меѓутоа поголемите се уште имаат простор да ги акумулираат овие поголем бранови кои се очекуваат во текот на денешниот ден, изјави Атанас Угрински, раководител на Оддлението за хидролошки прогнози, базни податоци, студии, информации при УХРМ, пред почетокот на Втората работилница на Глобалниот проект – Систем за најава на поплави со глобална покриеност (Flash Flood Guidance System with Global Coverage (FFGS), што се одржува до 23 јуни во Скопје.
Според него, овие врнежи сепак придонесоа за подобрување на хидролошката состојба во земјата со исклучок, како што кажа на неповолните појави и локални излевања коишто беа предизвикани во изминативе денови.
Во текот на изминатите неколку дена имаше значително зголемување на водостојот на реките низ земјата, и тоа особено беше потенцирано во голем дел од сливот на река Вардар како имаше забележано и локално излевања на реката при што беа зафатени и повеќе куќи, околу 15 куќи. Од текот на вчерашниот ден по горниот дел од сливот односно во Полошката котлина почна да се намалува веќе водостојот, но меѓутоа се уште имаме локални појави во тој дел, рече тој.
Притисокот, како што додаде, понатаму продолжи да се шири кон низводните станици, кон Велес, Демир Капија.
Така што во текот на денешниот ден очекуваме таму да биде висок водостојот, но меѓутоа без опасност со некои поголеми излевања на реките. Како што знаете во петокот имавме исто така излевање на река Крива, во кривопаланечкиот регион, кога надојде самата река така и повеќе суводолици во тој регион предизвикани од интензивните врнежи од дожд, рече тој.
Во однос на соработката со другите земји за справување со поплави рече дека се во постојана комуникација со земјите од соседство, и тоа, според него, помага во вакви ситуации кога имаме и меѓугранични, меѓудржавни сливови.
Како што е на пример сливот со река Пчиња којшто е исто така е надојден во изминативе денови, а кој што меѓуграничен слив помеѓу Македонија и Србија. Дел од сливот има и во Србија каде што и доаѓа и водата во нашата земја, истакна Угрински.
Во однос на тоа дали има начин поплавите да се спречат, рече дека како УХМР навремено ги најавиле овие појави и предупредиле, и тоа, според него, еден од начините како да се справиме и да се заштитиме од нивното штетно дејство.
Навремената најава и предупредување коешто го направивме преку мониторингот од хидролошки станици низ земјата преку разните модели за хидролошки прогнози коишто ние ги поседуваме, рече тој.
Најави и дека се очекува стабилизацикја во текот на оваа недела, без некои поголеми врнежи од дожд, прилично суво време и со повисоки температури на воздухот.
Теми на работилницата се управувањето со поплавите и развојот на системите за нивна рана најава. На работилницата се очекува да има околу 200 учесници од над 70 држави од целиот свет, а целокупната поддршка е обезбедена од Светската метеоролошка организација, која е специјализирана агенција на Организацијата на Обединетите Нации.
OhridNews
фото. МИА