Засилениот ветер, кој деновиве дува во Охрид, во најголем дел од јужен правец, предизвикува помали проблеми низ градот. Најмногу страдаат постари дрвја. Едно такво опасно е навалено над исто така старите пловни објекти во каналот Струденчишта.

Пред неколку дена дрво падна на патеката на калето помеѓу Кошишта и Канео, а голема гранка од бреза се сруши врз зграда кај „Тренд“ на булеварот „Туристичка“. Поради ветрот зголемен обем на работа имаат екипите на паркови и зеленило при ЈП „Охридски Комуналец“.

Г.М.