Екипата од Општинското угосителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ триумфираше на завршниот турнир од Купот во организација на Кока Кола.

Пласман на завршниот турнир во Скопје „угостителите“ изборија откако беа најуспешни на турнирот во Охрид.

За кратко време ова е втор голем успех на „угостителите“ откако го освоија третото место на Гимназијадата која се одржа во Охрид минатиот месец.

Мх.П.