Цените на угостителските услуги во мај годинава, во споредба со април, се зголемени за 1.2 %. Во однос на мај лани, пак, растот на цените е 13,4 %.
Кумулативно, во периодот јануари − мај 2023, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се покаќени за 13.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, во мај во однос на април зголемување е забележано во групите Храна за 0.7 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 %, Безалкохолни пијалаци за 0.9 % и Ноќевања за 3.7 %.
OhridNews