Цените на угостителските услуги во декември 2009 година, во споредба со претходниот месец се зголемени за 0,3 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст е забележан кај храната за 0,3 отсто, кај алкохолните пијалаци за 0,1 отсто и кај ноќевањата за 0,6 отсто. Цените на угостителските услуги во декември 2009 година, во споредба со истиот месец од претходната година, е зголемен за 2,8 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-декември 2009 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 3,6 отсто, а во споредба со декември 2008 година е зголемен за 1,7 отсто.

ohridnews