Угостителските објекти во Охрид во иднина нема да имаат продолжено работно време, откако Советот на општина Охрид на предлог на Градоначалникот ја укина одклуката за продолжување на работното време на угостителски објекти.
Во иднина ќе важи само законското работно време, кое предвидува угостителските објекти до 1 јуни во работните денови да работат до 24 ч, а за викенди и празници до 1 ч по полнок.
Од 1 јуни до 31 август, угостителските објекти ќе работат до 1 часот по полнок во текот на цела недела. Продолжено работно време до 1 ч по полнок угостителските објекти ќе имаат и во периодот од 25 декември до 20 јануари.
Г.М.