Од денеска угостителските објекти се затворени за гости и можат да вршат само достава на храна или продавање преку шалтер.
Исклучок од ова се угостителските објекти на аеродромот во Скопје и Охрид, како и угостителските објекти во сместувачките капацитети.
Се затвораат и обложувалниците, кои ќе смеат да работат само преку пулт. Мерката е на сила до 20 април.
Од вчера, затворени се фитнес-салите, спортските и салите за вежбање, а забрането е и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции.
Полицискиот час од вчера почнува во 20 часот, наместо во 22, и трае до 5 часот наутро. Мерките се донесени од Владата, со цел да се намали ширењето на на коронавирусот.
OhridNews