Жители од селото Пештани, чии домови се наоѓаат во близина на полициската станица се жалат на прегласна музика и галама од околните кафулиња.

Како што потенцираат, поради гласната музика до доцните вечерни часови која доаѓа од двата угостителски објекти во близина на полициската станица , нарушен им е нормалниот тек на живеење.

– Навечер воопшто не можеме да спиеме поради хаосот и преголемата бука, велат тие.

Апелираат до надлежните да превземат соодветни мерки со цел да им се врати мирот и нормалниот тек на живеење. 

Ohridnews