Под мотото „Забраната е штетна по демократијата, дискриминацијата убива“, од Охрид денеска започнува серијата трибини посветени на Законот за заштита од пушењето. На трибината што ја организиара Туристичко-угостителската комора, учество ќе земат угостители од повеќе градови и експерти, кои ќе дискутираат за ефектите и последиците од Законот за заштита од пушењето.

Се очекува угостителите да се произнесат и по однос на измените во законот со кој се дозволува пушење на летните тераси, како и да ги изнесат своите предлози по однос на законот кој според нив негативно се одрази на нивното работење.

Ohridnews