Велигденските празници го донесоа и првиот поголем бран гости во Охрид. Вообичаено најголема раздвиженост има во центарот на градот каде деновиве се бара маса повеќе. Иако цените  се прилично солени за македонски стандард очигледно тоа не им сметаше многу на гостите и охриѓани кои решија за Велигден да го одврзат ќесето. Празникот донесе и ведро расположение што може да се почувствува насекаде, а кога е така угостителите тријат раце.


Угостителите тријат раце

Ohridnews