Македонскиот туризам е пред колопс и што поскоро треба да се преземат мерки да се спречи целосен крах на оваа дејност, истaкнаа од туристичко угостителската комора на денешната трибина под наслов “Забраната е штетна за демократијата – Дискриминацијата убива“, што се одржа во Охрид.
–
Македонското угостителство е на колена и сакаме уште еднаш да го искажеме стравот од колапсот. Денес од Охрид од срцето на македонскиот туризам почнаваме со потпишување на Декларација, преку која ќе бараме до сите надлежни интутитуции во најбрз можен рок заеднички да изнајдеме начин за најдеморатско решение за измени во законот за заштита од пушењето – истакна Феркан Бербери – координатор на туристичко угостителската комора.
Угостителите бараат измена во законот во членовите 2, 3 и 9 , со што, како што велат и на пушачите и на непушачите ќе им се даде право на избор. Како последица од ригорозниот закон во охридско струшкиот регион се затворени неколку објекти, а отпуштени се 10 % од вработените додека голем дел од локалите ја очекуваат измената во законотза да можат да продолжат нормално да функционираат, беше истакнагто на трибината.
– По донесувањето на законот за пушење последниве месец и пол , започнав со отпуштање на вработени а во наредниот период за жал се пна тоа – рече Томор Цаноски – сопственик на угостителски објект.
На трибината угостителите ја потпишаа Декларацијата која ќе биде доставена до градоначалниците на Охрид, Струга и Вевчани, а истото ќе биде направено и во другите градови.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com