Туристичко угостителската комора при Сојузот за Стопански комори на Македонија, денеска го поднесува барањето за измени и дополнување на Законот за заштита од пушењето, до Владата, Парламентот и Министерствата за здравство и економија.
Од угостителската комора соопштуваат дека со воведувањето на законот во македонското угостителство, владее голема паника за нивен опстанок. Тие велат дека се оптимисти, за изнаоѓањето на решение и се надеваат на целосна поддршка и дополнување на овој закон.
Заради изнаоѓање на заедничко решение, ТУК ги предложиле примерите на Португалија, Шпанија и Австрија, каде што 50% од објектот ќе биде наменет за пушачи со поставена соодветна вентилација по строго контролирани стандарди, а ноќните барови, дискоклубови и казината, се задолжени да се определат дали ќе бидат објекти за пушачи или непушачи.