Екипата на Угостителското туристичко училиште, Ванчо Питошески триумфираше на Општинскиот турнир во фудбал, кој се одигра на теренот со вештачка трева во С.Р.Ц. „Билјанини Извори“.  


„Угостителтите“ во полуфиналето беа подобри од учениците од СОУ „Св. Климент Охридски“, додека пак во финалето ја совладаа екипата од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Како победник на општинскиот натпревар екипата на ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе учествува на зонскиот натпревар на 14.4.2015 во Кавадарци, на регионалното првенство во голем фудбал за учениците од средните училишта во западниот дел на Македонија.

Ohridnews