Митко Пендо, од еснафот на угостители, е оптимист дека и оваа Нова година за Охрид ќе биде успешна.
– Навремените подготовки, добрата услуга и условите кои ги нудиме даваат резултат и мислам дека без разлика на општите услови, светската економска криза, свинскиот грип, безвизниот режим, можеби нема да има во толку голем број гости, но сепак Охрид ќе биде полн, ќе биде убав и сите туристи што ќе дојдат ќе си поминат убаво, вели Пендов.
Тој посочи дека голем дел од угостителските објекти во стариот дел на Охрид се резервирани речиси целосно, а 50% од најавените гости биле за дочекот на Нова година минатата година или доаѓаат по препорака на пријатели кои минале прекрасни моменти во Охрид. Пендов изрази надеж дека охриѓани и оваа година ќе бидат добри домаќини и дека Охрид ќе се претстави како што треба. Според него цените не се пресуден фактор дали Охрид ќе има или не гости за Нова година.
-Цените се исти како и минатата година, за некого високи, за некого ниски, но најважно од се е гостинот да не биде измамен, значи да го добие тоа што го платил и мислам дека тоа ќе даде резултат, додава Пендов.