Сопствениците на угостителските објекти помали од 80 квадратни метри сами да одлучат дали во локалот ќе се пуши или не, додека поголемите објекти треба да имаат два дела – за пушачи и за непушачи. Ова е еден од предлозите  кои  Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија, ги  соопшти вчера и се дел од  новата иницијатива за промена во Законот за заштита од пушење.

Од Здружението истакнаа дека овој закон, кој се применува веќе три месеци, директно влијае врз туризмот, кафулињата, баровите и другите локали. Се’ помалку туристи доаѓаат во земјава, а младите наоѓаат забава во соседните држави. Тие сметаат дека угостителската дејност е доведена на работ на издржливост, а прифатените измени во Законот, со кои се дозволува пушење на отворените тераси, нема да го решат, туку само ќе го одолжат проблемот.

OhridNews