Охридските угостители се револтирани од барањето на МЗ Стар град, работното време на кафетериире и рестораните преку цела година да биде до 24 ч.

Со ваквиот предлог ни се ускратува законското право да работиме еден час подолго во лето, што негативно ќе се одрази не само на работата на угостителските објекти, туку и на туризмот воопшто,  а последиците најдиректно ќе ги почувствуваат околу 700 вработени во оваа дејност, вели Димитри Пендоски, претставник на угостителскиот еснаф. Наместо да инвестираме средства во проширување на бизнисот во отварање на нови објекти во подобрување на постојните услови,  ние со овие ограничувања сме принудени да размислуваме дали да продолжиме да работиме или комплетно да ги затвориме објектите, рече Пендоски.

Граѓаните кои живеат во централното градско подрачје сметаат дека општината не го почитува законот и не ги заштитува. Со оглед на тоа дека овие објекти се наоѓаат во станбена зона , нисењето одлука за продолжување на работното време е незаконска пред се. Ние бараме строго почитување на законот, а не да се носат некакви паушални одлуки кои прават голем неред, вели Љупчо Поп Стефанија од МЗ Стар град.
Во овој дел на градот живеат 4000 жители и заради една група угостителски  објекти вознемирени сме преку цела ноќ, вели тој. Тие ако сакаат да работат подолго нека најдат соодветни локации каде што можат да работат и цели ноќи, како што го потпишува законот, а не во станбени зони, смета Поп Стефанија.

Нашиот градоначалник го прошета цел свет нека каже каде по има хулиганизам ахарнхија галама и сметање на нормалното живеење, вели д-р Перо Бачев жител на центар, кој бара локалната самоуправа да го почитува законот за бучавост и да ги заштити граѓаните.

Угостителите се револтирани од ваквите барања на МЗ Стар град.

Ние како угостителски еснаф се оградуваме од некои угостителски објекти кои го нарушуваат јавниот ред и мир.

Во петицијата имаме наведено дека ги повикуваме сите надлежни инспекторати да го спроведуваат законот како што треба и секој што не се придржува на пропишаните  услови за работење нека бидит санкциониран, но не може да бидеме ставени во исти кош сите угостителски објекти, вели Димитри Пендовски од угостителскиот еснаф.

Петицијата за продолжување на работното време во летниот период ја потпишаа околу 80 угостители, кои очекуваат локалната самоуправа да го уважи нивното барање. Нивната иницијатива доаѓа по најавите на градоначалникот дека на наредната седница на советот  ќе предложи   изедначување на работното  време на угостителските објекти и во лето и во зима, освен во периодот од Нова Година до Водици кога е предвидено тие да работат 1ч повеќе од законски предвиденото работно време.

Г. Момироски