По зголемувањето на бројот на нови случаи со Ковид 19, Владата на предлог на Комисијата за заразни болести усвои нови протоколи кои предвидуваат ограничување на работното време на угостителските објекти, исто така и на бројот на посетители во нив, како и мерки со кои се ограничува настапот на музучари и диџеи.

Овие мерки доаѓаат по неколку инциденти во познати локали во земјата каде изминатите викенди беа организирани концерти со масовни собирања, на кои не се почитуваа мерките за заштита од коронавирусот.

Еснафот и угостителските здруженијата реагираат на новите рестрикции, кои, како што велат, сериозно ќе ја погодат иоанака најпогодената индустрија во земјата. Тие сметаат дека не е во ред поради неколкумина некоректни колеги кои не ги почитуваат законите и се ставаат над нив, да страда целиот сектор. Најавуваат дека ќе ги затворат сами своите објекти во знак на протест против одлуката за воведување нови рестрикции во угостителството.

Незадоволни се и музичарите, кои за утре (среда), најавија протест на кој ќе ги изразат своето незадоволство и ќе ги изнесат своите барања.

OhridNews