Струшкото обвинителство обвини правно лице за непочитување на здравствените прописи. Како што информира обвинителството, управител на правно лице во Струга, бил затекнат како нуди угостителски услуги, со што не ја почитувал Одлуката на Владата со која се забрани работењето на кафетериите, баровите, клубовите, спортските обложувалници и казината.
Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, јавниот обвинител поднесе Предлог за издавање казнен налог со кој за физичкото лице побара парична казна во износ од 2000 евра во денарска противвредност, а за правното лице предложи парична казна во износ од 5000 евра во денарска противвредност. – соопшти Јавното обвинителство.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози и против 8 физички лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно тие биле затекнати надвор од нивните домови за време кога во сила била Одлуката за забрана и посебен режим на движење. За сите обвинети обвинителството на Судот му прдложи да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а зависно до имотната состојба на обвинетите, предлогот на обвинителството за висината на една дневна глоба се движи од 5 до 30 евра во денарска противвредност. – информира Јавното обвинителство.
OhridNews