Зоолошката градина во Колубос, во американската сојузна држава Охајо, соопштила дека угинала најдолгата змија на светот која долги години била жител на зоолошката градина.


Мрежестиот питон долг 7,3 метри и тежок 136 килограми угинал во средата, најверојатно од тумор. Тој во гинисовата книга бил запишан како најдолга змија на светот која живее во зоолошка градина.