Женка рис угинала откако била удрена од автомобил на патот Охрид – Кичево на почетокот од месецов, објави Македонското еколошко друштво МЕД.

Случајот го пријавилe oд ловното друштво „Питон“, по што рисот бил транспортиран во ветеринарна установа во Скопје, но по пат умрел. Причина за смртта биле тешките повреди, стресот и изгубена голема количина крв.

Рисот е загрозен вид. Се проценува дека во Македонија има само уште 50 рисеви. Екологистите сметаат дека е потребна поголема заштита на овој загрозен вид за да не се случи тој целосно да исчезне од овие простори.

OhridNews
фото: Balkan lynx – Facebook