Попи, најстарата мачка на светот, угина на 24 години, потврдиле денес од Гинисовата книга на рекорди. Според пишувањето на Дејли Меил, старата мачка, која патела од инфекција „испуштила душа“ ви петокот откако ги потрошила сите девет животи.

Иако живеела речиси две и пол децении, мачката од Борнмут, на југот од Англија, не успеала да го собори рекордот на извесната Крим Паф од Остин, Тексас, која во 2005 година угинала на 38 години.