Турската младинска невладина организација “УФУК” излезе во јавноста со отворено барање до Владата на Р.Македонија, Министерството за Култура на Р.Македонија и до Општината Центар Жупа за (не)реализирањето на проектот за обнова и реконструкција на куќата на Али Риза Ефенди (таткото на Мустафа Кемал Ататурк) во селото Коџаџик коe припаѓа на општината Центар Жупа.

Во барањето се истакнува дека од денот кога беше поставен камен темелникот на куќата (24.08.2009 год.) се до ден денес ништо не е изработено. Проектот е во стагнација или е ставен во мирување така што во селото Коџаџик освен еден обичен темелник друго ништо нема. Од друга страна во барењето се укажува дека во период кога од Буџетот на Р. Македонија директно се финансираат огромните “културни” проекти како што се “Скопје 2014”, “Охрид 2014” и др. од невладината “УФУК” се во исчекување на брзо реализирање на проектот.

Од “УФУК” потенцираат дека досегашниот степен на реализација на проектот не престтавува позитивно однесување кон Мустафа Кемал Ататурк и неговото дело, воедно кон  еден од најголемите државници и војсководци на модерната политичка и воена историја, во исто време и татко на Модерната Р.Турција, која е најверен пријател на Р.Македонија. Исто така од младинската невладина “УФУК” истакнуваат дека доколку се дозволи со задоволсто би прифатиле да го финансираат и да го реализираат истиот проект.

OhridNews