Шефот на организацискиот одбор на финалето на Лигата на шампионите, Алексеј Сорокин, ги отфрли шпекулациите за можно одземање на организацијата на финалето на градот Санкт Петербург, поради комплицираните политички односи меѓу Русија и Украина.

Не сме имале никакви разговори со УЕФА на оваа тема. За ова прашање не се добиени сигнали. Заедно со УЕФА го подготвуваме финалето според планираното, очекуваме да бидеме домаќини на 28 мај. Секојдневно се работи. Тешко е да се коментира нешто друго. Не сум слушнал никакви дискусии за ова прашање, изјави Сорокин за руските медиуми.

Финалето на фудбалската Лига на шампионите во 2022 година е предвидено да се игра во Санкт Петербург на 28 мај на стадионот „Газпром Арена“.

OhridNews