На видео состанокот од УЕФА со 55-те генерални секретари од федерациите тема за разговор покрај националните првенства биле настапите на репрезентациите во баражите за пласман на Европското првенство.
УЕФА понудила три опции за одигрување на баражите во рамките од Лигата на Нации. Во баражите учествува и Македонија. Затоа, во нашата земја будно се следат сите препораки и промени од УЕФА. Tрите термини за одигрувањето на бараж натпреварите се во втората половина од оваа година. Првата опција е полуфиналниот бараж да се одигра во септември а финалето на почетокот од октомври. Втотрата варијанта се да се одигра во октомври додека третата опција е се да се одигра во ноември.
Баражот првично беше закажан за 26 март но се одложи поради ширњето на коронавирусот. После беше презекажан за јуни месец, но УЕФА повторно го одложи со цел да им помогне на националните шампионати да завршат без притисок и органичување.
Извршниот комитет на УЕФА кој има состанок во четврток ќе ги дефинира сите термини, кои, веројатно ќе бидат финални. УЕФА го одложи и Европското првенство за следната 2021 година.
OhridNews