Освојувачот на Лигата на Европа, Атлетико Мадрид, триумфираше во суперкупот на УЕФА, совладувајќи го актуелниот освојувач на Лигата на шампиони, милански Интер со 2:0.

Победата мадридскиот тим ја оствари во второт полувреме кога подобрата и поконкретна игра во нападот резултираше со два гола во мрежата на Цезар. Победата на „црвено белите“ ја најави Реjес во 63-та минута, а ја потврди Агеро во 83-та.

Интер пропушти шанса да постигне барем почесен гол и да внесе драматика во ме;от, откако по пеналот направен  врз Горан Пандев, индиспонираниот Милито не погоди од белата точка.

ОhridNews