Извршниот комитет на УЕФА одлучи Суперкупот на УЕФА во унгарскиот град Будимпешта да се игра со ограничен број на публика на стадионот.

Според одлуката на Извршниот комитет на УЕФА за овој меч бил пополнат 30 отсто од капацитетот на стадионот, што значи дека натпреварот ќе можат да го следат во живо околу 20.000 навивачи.

Како што се наведува во соопштението сите останати натпревари во европските купови и понатаму ќе се играат пред празни трибини, што значи дека Извршниот комитет само ја потврди одлуката која е донесена на 9 јули оваа година.

На 24 септември во Будимпешта за трофејот во Суперкупот на УЕФА ќе се борат Баерн Минхен и Севилја.

OhridNews