Дисциплинската комисија на УЕФА немаше милост кон македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, откако поради позитивниот допинг тест, му изрече четиригодишна суспензија.

„Тешко ми е, немам зборови со кои можам да опишам како се чувствувам. Не сум виновен, знам дека не сторив ништо лошо, а добив драстична казна. Ужасно се чувствувам…Би сакал да им се заблагодарам на сите оние кои деновиве ми дадоа поддршка и кои ми се јавуваат, но во овие моменти навистина ми е тешко да разговарам и ги молам да имаат разбирање“, изјавил Адеми за интернет страницата на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, пренесува Макфакс.

За потсетување, Адеми ‘падна’ на допинг тестот по натпреварот со Арсенал во првото коло, во Лигата на шампионите, а истото се случи и со неговиот Б тест.

Ohridnews