Фудбалерите на Арарат и Црвена Ѕвезда одлучувачката средба за пласман во групната фаза во Лигата на Европа ќе ја одиграат во Кипар.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) за промена се одлучи во последен момент, откако воената ситуција во Ерменија ескалираше. Пресуден фактор било пукањето само стоттина километри од главниот град во Ерменија каде утре требаше Црвена Ѕвезда да се сретне со Арарат.

Арарат и Црвена Ѕвезда плејофот во квалификациите во ЛЕ ќе го одиграат на стадионот во кипарскиот град Никозија. Мечот ќе започне во 19 часот.

OhridNews