Европската фудбалска федерација (УЕФА), ја разгледува можноста да го одложи Европското првенство и да им излезе во пресрет на националните федерации и клубовите да ја завршат сезоната после стабилизирање на состојбата со коронавирусот.

Според англискиот таблоид „Атлетик“, УЕФА направила проценка и одложување на ЕП ќе ја чини 300 милиони евра. Ако федерациите и клубовите најдат заеднички јазик со УЕФА ќе треба да ја подмират загубата и мирно да ја довршат сезоната.

Федерациите и клубовите по секоја цена сакаат да ја завршат сезоната бидејќи покрај големите финансиски загуби ќе се соочат со многу нерешли енигми за шампион, учесници во Европа следната година и кои екипи ќе отпадната од лигата.

Со решение и понуда излезе Турција која посакува самостојно да го организира Европското првенство, откако ќе завршат првенствата. Како опција се наведува играње во мај и јуни, а ЕП да се одржи следната 2021 година.

OhridNews

Баражите септември и октомври, ЕП во 2021 година, а сезоната ќе заврши во јуни

Турција со отворена понуда до УЕФА за самостојна организација на ЕП