Голема е веројатноста дека на стадионот „Сан Сиро“ во присуство на публика ќе бидат одиграни 1/8 финалните дуели во ЛШ , Милан – Селтик и Интер – Валенсија , соопштија официјални лица од УЕФА.

Во соопштението стои дека градежните работи који се изведуваат на стадионот по се изгледа ќе ја променат моменталната ситуација , по што следната недела повторно ќе биде тестирана безбедноста. Потпредседателот на Милан Адријано Галијани верува дека тимот ќе му биде домаќин на Селтик на „Сан Сиро“ на 7-ми март.

Натпреварот Интер – Валенсија се игра две недели порано на 21 февруари.

Предходно белградска Црвена Ѕвезда му ја понуди “Маракана“ на Интер како место за одигрување на натпреварот , слична понуда доби и Милан но од премиер лигашот Њукстл ,мечот со Селтик да биде одигран на “Сент Џејмс Парк“.

Н. Цветанов