Европската фудбалска организација (УЕФА) даде зелено светло за разгледување на опцијата за намалување на бројот на градови домаќини на Европското првенство, кое ќе се одржи следната година. Континенталниот собир на најдобрите фудбалски репрезентации требаше да се одржи годинава, но поради пандемијата од коронавирусот истиот беше одложен и поместен за 2021 година.

Планот на УЕФА е ЕП да се одигра во 11 земји, но не се исклучува можноста домаќини да бидат помалку земји. Висок претставник од УЕФА за францускиот весник „Ле Паризиен“ изјавил дека лесно може да се случи ЕП да се одигра осум, пет, три или една земја.

Се е отворено поради лошата ситуација со коронавирусот. Дел од земјите кои се домаќини се соочуват со голем удар од коронавирусот и ние будно ја следиме ситуацијата. – изјавил претставникот.

ЕП следната година ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули, а за десеттина денови по пат на бараж ќе бидат познати сите учесници. Шанса за пласман на ЕП има и Македонија. „Црвено жолтите“ во финалето од баражот силите ќе ги одмерат со Грузија.

OhridNews