Европската куќа на фудбалот (УЕФА), денеска, официјално потврди дека на бараж средбите во Лига на Нации за пласман на Европското првенство арбитрите ќе имаат помош од ВАР технологијата.

Потврдата значи дека ВАР технологија ќе има на дуелот во Скопје на Националната арена „Тодор Проевски“ помеѓу Македонија и Косово во полуфиналето од завршниот турнир во групата Д од Лига на Нации.

Приликата за користење на ВАР технолијата ќе биде историски момент за македонскиот фудбал и генерална проба за евентуално имплентирање на најновиот метод во светскиот фудбал.

Бараж средбите се играат на 26 март следната година.

OhridNews