Дисцлиплинската комисија во УЕФА покрена постака против тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симено поради недолична прослава на погодок на дуелот со Јувентус во првиот меч од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.

„Јорганџиите“ минатата недела на домашен терен со 2-0 го совладаа италијанскиот првак, а аргентинскиот стручњак водечкиот погодок на Хименез го прослави со покажување на гениталиите кон трибините. Симеоне после мечот образложи дека со потегот сакал да покаже колку неговиот тим има срце за играње, а не навреди некого од противничкиот табор.

УЕФА постапка за лоша организација ќе поведе и против Атлетико Мадрид. Скалите на стадионот биле блокирани, а на теренот во еден момент биле фрлани тврди предмети. На тапет ќе се најде Јувентус и тренерот Масимилијано Алегри. Клубот поради непочитувања на правилата, а тренерот за влегувањето во терен.

Во најскоро време УЕФА треба да го одреди точниот датум за рочиштето и да ги одреди санкциите за прекршителите.

OhridNews