Кристијано Роналдо со три гола го урна Атлетико Мадрид и го однесе Јувентус во четвртфинале од Лигата на шампионите. Емоциите беа огромни, па по крајот на натпреварот Португалецот ја копираше прославата на Диего Симеоне од првиот меч покажувајќи ги гениталиите.

УЕФА минатата недела отвори неколку истраги но не и за гестот на Португалецот и се чинеше дека тој може да се извлече. Сепак, денеска пристигна соопштение дека е покрената дисциплинска постапка против Роналдо за недолично однесување и прекршување на два члена од дисциплинскиот правилник.

Тренерот на Атлетико Мадрид за својот гест доби парична глоба од 20.000 евра, но медиумите од Шпанија пишуваат дека европската куќа на фудбалот би можела да биде построга кон Роналдо и да му изрече суспензија.

Причина за ова е тоа што португалскиот репрезентативец навредливиот гест го направи кон противничките навивачи, и покрај ТВ снимките, има и аматерски видеа од целиот инцидент.

Одлуката за казната на фудбалерот на Јувентус ќе биде донесена на 21. март.

OhridNews