Европската фудбалска асоцијација ги осуди расистичките навреди кон играчите на Англија по поразот од Италија (1:1, 2:3 на пенали) во финалето на Евро 2020.

УЕФА остро ја осудува грозоморната расистичка злоупотреба на неколку играчи на Англија на социјалните мрежи по финалето на Евро, кои немаат место во фудбалот или општеството. Ние ги поддржуваме играчите и ја повикуваме Англиската фудбалска асоцијација да изрече најстроги казни, објави УЕФА на Твитер.

На 12 јули, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ја пријави злоупотребата. Подоцна стана познато дека овој инцидент го истражува лондонската полиција.

Финалето се одигра во Лондон на стадионот „Вембли“. Изведувачите на пенали за Англија со темна боја на кожата, Бакајо Сака, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо, кои ги промашија пеналите, беа изложени на големи расистички навреди на социјалните мрежи.

OhridNews