Македонската фудбалска репрезентација бараж дуелот со Косово во полуфиналето од Д групата во Лигата на Нации ќе го одигра на 4 јуни.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА), го одбра овој нов термин поради одложувањето на баражите и пролонгирањето на Европското првенство за една година, поради пандемијата со коронавирусот. Првично, баражите требаше да се одиграат на 26 и 31 март, но стана не возможно поради ширењето на опасниот вирус.
„Црвено жолтите“, остануваат домаќини и ќе имаат голема поддршка од трибини, што може да биде клучно во битката за победа и пласманот во финалето. Во другиот полуфинален бараж натпревар се среќаваат Грузија – Белорусија. Победникот во финалето ќе обезбеди виза за учество на ЕП.
Континенталниот собир на најдобрите фудбалски репрезентации ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули следната 2021 година.
OhridNews