Европската фудбалска асоцијација нема да ги почитува барањата на мадридскиот суд, кој одлучи дека клубовите – основачи на европската Суперлига не можат да бидат подложени на санкции.
„Тајмс“ пишува дека УЕФА ги отфрлила барањата на мадридскиот суд и е уверена дека судот на Европската унија ќе донесе одлука во нејзина полза.
Во петокот, судот во Мадрид донесе одлука УЕФА јавно да објави дека се откажува од санкциите против клубовите основачи на Суперлигата, како и да ги извести италијанската и англиската федерација дека немаат право да ги казнуваат клубовите кои учествуваа во создавањето на турнирот, но потоа го напуштија проектот.
Извор близок до УЕФА рече дека организацијата нема да ги почитува овие барања, бидејќи е уверен дека судот на ЕУ ќе заземе нејзина страна.
Идејата за Суперлигата е мртва. Фановите ја убија и таа нема да воскресне, рекол друг извор.
За потсетиме, Реал, Барселона и Јувентус се единствените клубови кои не објавија повлекување од Суперлигата.
OhridNews