Уефа најави истрага против Милано, Вардар и Работнички
18.08.09 00:01
Главниот инспектор на УЕФА, Герхард Капел,вчера ги предаде доказните материјали до Министерството за внатрешни работи на Македонија, врз основа на кои Победа е осудена од европската куќа на фудбалот на осум години, без право на настап во интернационалните натпреварувања.
Капел најави дека се води истрага за местење натпревари уште против Милано, Вардар и Работнички.
Претставникот на УЕФА наведе дека Милано се товари за „наместен меч во јули“. Во јули Милано играше два дуела со Славен Копривница во Европската лига, кога Кумановци дома загубија со 0-4, а таму со 2-8.
За Вардар, според Капел, има наоди „дека одел против спортските принципи пред две години“. Пред две години Вардар играше меѓународни средби со Анортозис во Купот на УЕФА кога два пати загуби со 0-1.
Кај Работнички под лупа се два меча, но Капел не прецизира кои и кога се играни. Пред две години босанските медиуми погодија дека „романтичарите“ ќе победат со 2-1 на гости во Мостар, во Купот на УЕФА, еден ден пред мечот.
Денес со почеток во 12:00, во ООУ „Братство Единство“ Охрид, почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах во организација на ШК „Ласкер“ Охрид во соработка со Сојузот на училишни спортови Охрид На Пи...
Ракометарот на ГРК Охрид, Никола Шипинкоски, остатокот од сезоната 2024/2025 ќе го доигра во екипата на РК Прилеп, информираат од ГРК Охрид По завршувањето на сезоната, Шипинкоски ќе и се приклучи ...
Во рамки на 16-то коло од Втората кошаркарска лига кошаркарите на Охрид гостуваат во Скопје кај КК МЗТ Скопје – Уни Банка Натпреварот ќе се одигра во недела, 2-ри март, со почеток во 16:30 ча...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.