Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус може да се соочи со драконска казна поради финансиските малверзации поврзани со трансфери на своите играчи и да биде исфрлен од УЕФА од сите европски натпреварувања, објави денеска весникот „Газета дело Спорт“.

Казната би стапила на сила во првата сезона во која Јувентус ќе избори пласман во едно од трите клупски натпреварувања во организација на УЕФА (Лига на шампиони, Лига Европа и Конференциска лига). Тоа значи дека доколку Јувентус на крајот на оваа сезона не избори пласман во Европа, казната автоматски ќе се префрли за следната сезона, пишува весникот.

Јувентус во петокот беше казнет со одземање 15 бодови во Серија А поради финансиски малверзации при трансфери на играчи во периодот од 2019 до 2021 година.

OhridNews