Фудбалерите на Осасуна се со едната нога во полуфиналето во купот на УЕФА, откако синоќа во Леверкузен славеа убедливо над Бајер со 3:0 во првиот натпревар од четвртфиналето.


Осасуна се прошета во Леверкузен

Еспањол прокоцка убедливо водство од 3:0 во Пиринејското дерби со Бенфика, која благодарение на  головите на Нуно Гомеш и Симао Саброса во вториот дел се враќа во Португалија со поднослив пораз од 3:2.


Бенфика задоволна и со пораз

Успехот на шпанските тимови го заокружи актуелниот победник во купот на УЕФА, Севиља која дома го совлада премиерлигашот Тотенхем со 2:1. Англичаните во првата минута поведоа преку Роби Кин, но со головите на Кануте во 20 минута од пенал и на Карзаков во 36 минута, Севиља забележа минимална победа.


Карзаков и ја донесе победата на Севиља

Голови немаше единствено на натпреварот АЗ – Вердер, кој заврши 0:0.


АЗ и Вердер одиграа мирољубиво

Г. Момироски