Доколку фудбалската понуда во изминатите два дена не ви беше доволна,доза квалитетен Европски фудбал добивате и вечерва. На четири стадиони се играат првите четвртфинални средби во купот на УЕФА.

Три шпански клуба меѓу кои е и бранителот на титулата Севиља, два германски и по еден португалски, англиски и холандски тим се најдоа во завршната фаза. Пред две сезони АЗ Алкмар беше вистинско откритие,вистинско чудо е како тогаш Холандскиот тим не влезе во финалето.За да го повтори најголемиот Европски успех тимот на Луј Ван Гал ќе има тешка задача во името на  Вердер. Неверојатно звучи фактот дека АЗ Алкмар во Европските купови на домашен терен нема загубено натпревар уште од 1977 година!
Аз и Вердер комплетни влегуваат во натпреварот.


екипата на АЗ

Бранителот на титулата Севиља за противник го има Тотенхем.Напаѓачот Фреди Кануте со дополнителен мотив ќе влезе во натпреварот,репрезентативецот на Мали до пред две години беше член на Тотенхем. Менаџерот на Англиската екипа Мартин Јол со огромна доза на самодоверба гледа на натпреварот,вели ќе биде 0-0 или 1-1.


Актуелните победници – Севиља

Од друга страна најголемиот проблем на Севиља и е традиционалниот велигденски карневал,прашање е како да се мотивираат фудбалерите кога на улиците ќе се одвива висинска фешта.Севиља дури се обиде на го одложи натпреварот,напорите беа безуспешни.


Бајер Леверкузен

Во лов на резултат кој ќе значи пласман во ½ финалето ќе тргнат Баер Леверкузен и  Осасуна.Германците немаат позначаен резултат во Европските купови уште од сезоната 2001/2002 кога играа во финалето на ЛШ. Од колкава важност за двата тима е мечот говори и тоа дека двајцата тренери Михаел Скибе и Хозе Зиганда,се повеќе од предпазливи во изјавите околу конечниот резултат.


Миколи прославува гол на Бенфика

Добра Евро сезона има и третиот шпански тим Еспањол,но веќе цела вечност нема позначаен резултат.Противникот на Еспањол Бенфика е повторно во ¼ финалето, лани во оваа фаза играа во ЛШ од каде ги исфрли подоцнежниот шампион Барселона.

       

 Ненад Цветанов