Баерн Минхен  отворено се надева  на триумф во дво мечот со  рускиот шампион Зенит во полуфиналето од Купот на УЕФА со што лесно може да дојде до три титули во оваа сезона.Баварците триумфираа во националниот куп и имаат 10 бода предност во однос на конкурентите во Бундеслигата.
Последен пат Баварците триумфираа во најмасовното клупско натпреварување во 1996, додека Зенит првпат во клупската историја ќе игра во полуфиналето и ќе се надева дека ќе го повтори успехот на ЦСКА Москва, единствениот руски тим кој во 2005 го освои УЕФА-купот.

Баерн е во големи проблеми бидејќи ќе настапи без суспендираниот Лука Тони, стрелецот на осум гола во четири настапи во Купот на УЕФА. Италијанскиот напаѓач сезонава има вкупно 36 гола во сите натпреварувања, а на реваншот во четврт-финалето против Гетафе во последните пет минути од продолженијата постигна два гола за резултат 3-3 и му обезбеди понатамошен пласман на својот тим.

Во другото полуфинале Ренџерс ја пречекува Фјорентина предводена од инспиративниот Адријан Муту во дуел на две екипи, кои во 1960 се сретнаа во финалето од Купот на победниците на куповите и таму победија „виолетовите“.Ренџерси се единствениот тим кој во ова натпреварување настапува како испаднат од Лигата на шампионите .Фјорентина во претходните две фази токму на гостувањата ги елиминираше ПСВ Ајндховен и Евертон. Калчолигашот има само еден пораз на гостувањата во Купот на УЕФА.

ohridnews