Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја поддржа идејата на Фудбалската федерација на Македонија за регионална фудбалска лига на Балканот.


УЕФА за подобро функционирање на регионалната лига ќе донира 3 милиони евра, а шампионот ќе учествува директно во најеминетното клупско натпреварување Лигата на Шампиони.

Регионалните лиги во ракомет, кошарка и ватерполо функционираат беспрекорно и по тие примери ќе се базира и фудбалска лига која ќе има задача да го крене квалитативното ниво на фудбалот на Балканот.

Како што пренесува спрски „Блиц“, регионалната фудбалска лига ќе започне од 2017/18 година, а ќе учествуваат 12 екипи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и Македонија.

OhridNews