Телото за жалби при УЕФА ја одби жалбата на ФК Победа на одлуката донесени од Дисциплинската комисија во април, со која ФК Победа се казнува со 8 годишна забрана за настап во европските купови, а претседателот Ацуле Забрчанец и капитенот Николче Здравевски се доживотно суспендирани од било која активност во фудбалот поради кршење на интегритетот и спортското однесување според член 5 од Дисциплинскиот правилник на УЕФА кој го санкционира манипулирањето со конечниот исход на натпреварите.

Обвинувањата против Победа беа базирани на информациите од обложувалниците и неприродното движење на коефициентите според исказите на неколку сведоци за натпреварот со ФК Пјуник во ЛШ.

Ваквата одлука УЕФА ќе ја достави до телата на ФИФА за да донесените одлуки добијат важност во светски рамки.

ohridnews