Европската фудбалска асоцијација – УЕФА, покрена истрага против македонскиот фудбалски клуб Победа од Прилеп, нејзиниот претседател и еден нејзин играч за местење натпревар од квалификациите за пласман во Лигата на Шампионите.

УЕФА ги товари клубот, претседателот и играчот за кршење на принципите на интегритет и фер плеј во фудбалот манипулирајќи со исходот на натпревар организиран од УЕФА остварувајќи добивка незаконски за себе и за трета страна.


Под истрагата на УЕФА бил квалификацискиот натпревар за Лигата на шампиони помеѓу Победа и Пјуник од Еременија одигран на 13 јули 2004 година, кој гостите го добија со 3-1.

Обвинението, како што се наведува на официјалниот сајт на УЕФА,  се базира на извештаи добиени од обложувачката индустрија за нерегуларни уплати и изјави на неколку сведоци. Дисциплинската комисија за случајот ќе заседава на 17 април.

Веста за покренување на дисциплинска постапка за лажирање интернационален натпревар против двократниот фудбалски шампион на Македонија, денеска ја пренесоа сите светски медиуми, меѓу кои и CNN.

OHRIDNEWS